Канал 5 известува дека почина момчето кое беше рането во пукањето во Бутел пред неколку дена и претходно беше во критична состојба. Тие го пишуваат следното:
Претходно во престрелката во Бутел беше убиен Камер Идризи, кон кого, според МВР, од повеќе лица со калашникови биле испукани над 80 куршуми.
Заедно со Идризи беше и починатиот 24-годишниот скопјанец и негов роднина од Скопје, кој го возел автомобилот.
Од МВР тогаш информираа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „волксфаген голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач од Скопје и неговиот 43 годишен сопатник неколку лица пукале кон возилото.