Почина Аки Рахимовски (67), пејач на групата „Парни ваљак“ од Загреб, е објавено е на официјалната страница на неговиот бенд.
Музичарот, кој беше присутен на сцената со децении наназад и чии хитови се пеат во сите поранешни ју републики, пред четири години доживеа мозочен удар што беше причина да ги одложи своите настапи.
Рахимовски е роден во Ниш, но набрзо потоа со неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, доби понуда да стане фронтмен во „Парни ваљак“.
Со „Парни ваљак“ со децении ќе ги освојуваше срцата на публиката. Со групата сними десетици албуми продадени во стотици илјади тираж, а зад себе имаше и стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата.
Неговиот последен настап во Македонија беше лани на седми јули, кога одржа концерт на ракометното игралиште во Битола.