Неговиот менаџер изјави: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“
Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.
Актерот, кој го глумеше Гантер во хит серијата „Пријатели“, починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.
Во 2018 година му бил дијагностициран ракот на простата.
Неговиот менаџер изјави: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“
Во мај, Тајлер, кој глумеше келнер во серијата, накусо се појави и во специјалната повратничка епизода на „Пријатели“ преку Зум.
„Тоа беа најнезаборавните десет години од мојот живот. Не можев да посакам подобро искуство. Беше уживање да се работи со вас“, кажа Тајлер тогаш.
„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот „пријател“ од ситкомот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тајлер.