Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Александар Никољски, доајен на македонската архитектура

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера на 81 годишна возраст почина еден од доајените на македонската архитектура и професор на Архитектонскиот факултет, Александар Никољски. Во своето долгогодишно работење се занимавал со повеќе сегменти од архитектонската професија како проектант и како педагог.

Професор Александар Никољски е роден 1937 година во Пеќ. Основно и средно образование завршил во Скопје и Ваљево.

Студиите на Техничкиот факултет – Архитектонски оддел во Скопје ги завршил во 1963 година. По дипламирањето се вработува во „Јавор“ каде се занимава со проектирање мебел и внатрешно уредување. Во 1964 станува асистент на Архитектонскиот факултет на предметите Елементи на проектирање и Проектирање 1. Од 1969 година е асистент на предметот Внатрешна архитектура, а подоцна од 1985 г. и редовен професор.

Во 1972 година од Републичкиот совет за култура добил стипендија за специјализација во Франција и асистира на Високата школа за декоративна уметност ENSAD, Париз.

Во 1984 г престојува во Краков, Полска во рамки на размена на наставници со Краковската политехника.

Омилениот професор на факултетот уште од основање на Летната школа за архитектура е нејзин активен учесник и прв Претседател на советот на летната школа.

Бил декан на Архитектонскиот факултет во 1985/87 и 1991/93. По повод јубилејот 50 години на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ добил плакета за најдобар професор на Архитектонскиот факултет.

Била активен и во архитектонските здруженија. Бил претседастел на САДАМ, еден од основачите на БИМАС и Претседател на Собрание на ААМ.

Добитник е на повеќе награди на архитектонски конкурси.

За својата стручна дејност професор Никољски е добитник на наградата „13 Ноември“ на град Скопје, специјални награди и дипломи на БИМАС 1983, 1989 и 1993 Главна награда, Голема годишна награда за аехитектура 1998.

Добитник е наградата „Андреја Дамјанов” за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2006 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, а истовремено е член на Архитектонската академија на ААМ.

Позначајни реализирани дела:

– Ентериер на продавница „Грациа“ 1967 г.

– Уредување на просторот за шаховска Олимпијада во Скопје 1972 г. со арх. Пулејков

– Дом на култура во Србица, Косово со арх. Пулејков 1984 г.

– Киоскот „КЦ-190“ 1986 г.

– Мотел „Македонија“ кај Велес со арх. Пулејков

– Куќа на фам. Куцурелос во Скопје 1997 г.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.