Американскиот глумец Џејмс Авери, познат по улогата во серијалот „Принцот од Бел Ер“, почина во 68 година во Калифорнија.
Како што официјално беше соопштено Авери починал по компликациите кои настанале при операцијата на срцето.
Во серијата „Принцот од Бел Ер“ тој ја толкуваше улогата на вујко на Вил Смит, богатиот адвокат Филип Бенкс.
Неговиот впечатлив глас беше присутен во многу анимирани серии, меѓу кои и „Нинџа желки“, „Ајрон мен“ и други.
Авери е роден на 27 ноември 1945 во Вирџинија.