Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Борислав Каранфилски доајен на нуклераната медицина и патофизиологија

0
By Нова ТВ on December 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 92 годишна возраст почина еминентниот проф.д-р. Борислав Каранфилски доајен на македонската нуклерана медицина, патофизиологија и тиреологија.

Професорот Каранфилски се смета за еден од основачите на нуклеарната медицина во нашата земја. Посебен придонес има за основање на амбуланта за заболувања на тироидната жлезда што во континуитет ја развива и унапредува..

Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово, а потоа студирал на медицинскиот факултет во Скопје каде дипломирал во 1955 година. Во 1957 година ја завршил Школата за примена на радиоактивни изотопи во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград.  За редовен професор бил избран во 1977 година. Се усовршувал во клиники во Шведска, Англија, СССР и САД.

Бил директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со нуклеарна медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ. Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на нуклеарна медицина на Југославија.

Автор е на повеќе од 180 трудови објавени во домашни и странски медицински списанија, а автор или коавтор е на осум учебници и пет монографии од областа на патофизиологија и нуклеарна медицина.

За своите активности добил повеќе награди и признанија, меѓу кои: Орден за заслуги за народ со сребрена sвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Репубиката со сребрен венец, награда „11 Октомври“за животно дело и други.

Погребот ќе биде извршен во среда на 23 декември, на градските гробишта во Скопје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.