Пејачката на популарната ирска група „Кренберис“, Долорес О’Риордан денеска почина во Лондон на воздраст од 46 години, соопшти нејзината публицистка.
Оваа ирска музичарка со потекло од Лимерик, беше лидерка на бендот кој постигна меѓународен успех во 90-тите години од минатиот век, со сингловите како „Linger“ и „Zombie“.
Како што изјави нејзината публицистка, О’Риордан се наоѓала во Лондон на кратка сесија за снимање, заедно со ирскиот бенд „Кренберис“.
Не се соопштува причината за нејзината смрт, освен дека починала одненадеж и дека нејзиното семејство е во шок.