На 75-годишна возраст денеска почина Драган Б. Костиќ, музички новинар и радио-водител кој со децении важеше за еден од најпрепознатливите и највлијателни гласови на македонскиот радио-етер.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Бане Костиќ кој информираше дека Костиќ не успеал да ја добие битката со болеста, по период на тешка здравствена состојба.
Последната почит за децениски популарниот 75 годишен радио водител ќе може да се оддаде утре, недела, 21. декември,од 12:30 до 13:30 часот во капелата на гробиштата „Бутел“ во Скопје.
Во објавата, семејството упати и јавна благодарност до медицинскиот персонал и раководството на Државната неврохируршка клиника во Скопје, со посебно признание до д-р Благоја Шунтов, за, како што наведуваат, грижата, посветеноста и хуманоста.
Драган Б. Костиќ ќе остане запаметен како еден од симболите на радиото кај нас, човек чиј глас, музички избор и стил оставија трајна трага во медиумскиот простор.




