Од срцев удар почина Самет Лимани, еден од обвинетите во случајот Сопот, објавува Алсат М. Лимани беше во бегство, бидејќи никогаш не го прифати обвинението против него и неговите соселани.
Лимани и другите обвинети во овој случај беа осудени на вкупно 156 години затвор, но по бројните притисоци и презентирање докази, судењето почна од почеток.
Во првиот процес за случајот со експлозија на мина кај Сопот во 2003 година, кога загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото, кои никогаш не го прифатија обвинението.