Филмскиот магнат Ран Ран Шо (Run Run Shaw), главна фигура во филмската индустрија во Азија, почина на возраст од 107 години.
Беше основач на Shaw Brothers Studios, кои произведоа речиси 1.000 филмови и кунг фу жанрот го претворија во мејнстрим.
Тој, исто така ја основаше најголемата локална ТВ станица во Хонг Конг, TVB, во 1967 година и остана нејзин претседател до 2011.
Г-дин Шо се упокои мирно во домот во Хонг Конг, се вели во соопштението. на TVB.
Извор: Би-Би-Си.