Во 70-та година од животот почина фронтменот на групата Моторхед, Леми Килмистер.
– Слушајте ги Моторхер гласно, слушајте ги Хоквинд гласно, слушајте ја музиката на Леми гласно. Напијте се нешто и ширете ги приказните. Славете го животот како што тоа го правеше овој прекрасен човек, напишаа членовите на бендот на Фејсбук страницата, објавувајќи ја веста за неговата смрт.
Килмистер секој концерт на бендот тој го започнуваше со зборовите: „Ние сме Моторхед, ние свириме рокенрол“.
Последните неколку години имал повеќе здравствени проблеми, но починал по куса борба со агресивна форма на канцер, за која дознал два дена пред смртта.