Еден од најдобрите британски актери, Алан Рикман почина во Лондон на 69-годишна возраст по битка со ракот.
Човекот со гласот кој речиси сите го имаат слушнато, е еден од омилените ликови од серијалот на Хари Потер.
Во 1988 го добива светското признание за врвен актер кога ја толкуваше улогата на Ханс Грубер во „Умри машки“.
Рикман во својата кариера ги толкуваше и улогите на шерифот од Нотингем во „Робин Худ – Принцот на кражбите“ како и славниот „Распутин“.
Низ неговиот живот тој беше и политички активен. Според неговите зборови, тој бил роден член на Лабуристичката партија.
Иако нема освоено ниту еден Оскар, помеѓу индивидуалните признанија, во плакарот на Рикман стојат наградите „Златен Глобус“, „Еми“, „Бафта“ и многу други.