Еден од клучните луѓе во аферата „Вотергејт “поранешниот републикански сенатор Хауард Бејкер, почина на возраст од 88 години, соопшти вчера американскиот Сенат. Бејкер беше и шеф на кабинетот на претседателот Роналд Реган, а учествуваше и на претседателските избори во 1980 година како кандидат на републиканците.
За време на претсeдателскиот мандат на Џорџ Буш помладиот, од 2001-ва до 2005-та година Бејкер беше амбасадор на САД во Јапонија.
Како што пренесе американската телевизија Ен-би-си, долгогодишниот сенатор од државата Тенеси, Бејкер, беше една од клучните фигури во истрагата за аферата “Вотергејт” пред Сенатот, по која американскиот претседател Ричард Никсон беше принуден да поднесе оставка во 1973 година.
На Бејкер му се зголеми национално значење, кога како потпретседател на сенатскиот одбор за истрагата за “Вотергејт” на Никсон му го постави фамозното прашање: “Што знае претседателот и од кога тоа го знаел,” пишуваат светските агенции.