Педесет и шест-годишниот хуманитарец кој беше лекуван од ебола во Лајпциг му подлегнал на вирусот, соопшти клиниката.
Во Германија досега од смртоносниот вирус се лекуваа тројца пациенти. Еден од нив веќе е пуштен од болницата во Хамбург.
Медицинската сестра во Тексас пак, која се зарази со ебола лекувајќи пациент е идентификувана како Нина Фам, 26-годишна жена од Далас, која вчера беше „клинички стабилна“, соопштија лекарите.
Шпанската медицинска сестра Тереза Ромеро, останува во сериозна состојба, а шпанските лекари се надеваат дека таа набрзо ќе биде излекувана.
Најголемата епидемија на смртоносниот вирус на еболата во историјата се заканува да се прошири надвор од Западна Африка и да погоди и други земји. Првиот случај беше пријавен на 22 март годинава.