На 63 години денеска ненадејно почина музичарот Јанко Узунов за време на семејниот одмор во Берово.
Јанко Узунов е роден е во 1951 година во Валандово. Кариерата во музиката ја почнува на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век со првата снимка, „Магдалена“, песна на Димитар Масевски.
Во јавноста беше познат како „момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеа со Цветанка Ласкова на Фестивалот во Опатија
Узунов водеше приватно училиште по гитара, работа на која посветен во последните неколку години од животот.