Познатата американска актерка Бети Вајт почина доцна вчера на 100-годишна возраст, пренесува „Њујорк пост“.
Позната по многуте филмски и сериски остварувања, меѓу кои и серијата „Златни девојки“, во осумдесеттите стана културна икона, а на 17 јануари требаше да го прослави 100-тиот роденден.
Извор од полицијата за ТМЗ потврдил дека актерката починала во својата куќа.
Пред неколку недели беше најавено објавувањето на филмот за нејзиниот живот наречен Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration, во режија на Стив Бетхер и Мајк Триклајн. Дали филмот ќе биде прикажан на 17 јануари, кога актерката требаше да го прослави 100-тиот роденден, се уште не е познато.