Легендарниот соул пејач и текстописец Боби Вомак, кој создаде хитови за многу од најголемите музичари на 20 век, почина на возраст од 70 години.
Причината за смртта не беше објавена, но Вомак страдаше од рак и Алцхајмерова болест и се бореше со зависност од дрога.
Неговите хитови ги вклучуваат It’s All Over Now, во изведба на Ролинг Стоунс и Lookin’ for Lovе.
Тој беше примен во Rock and Roll Hall of Fame во 2009 година.
Вомак е роден во 1944 година во Кливленд, Охајо и почна да пее во госпел група во 1950 година со неговите браќа.
Тој подоцна стекна популарност откако браќата и сестрите потпишаа за САР Рекордс во 1960 година.
Браќата, вклучувајќи ги Сесил, Кертис, Хари и Френдли Џуниор, издадоа два R & B албуми како Валентинос.
Подоцна групата се распадна и Вомак се сврте кон пишувањето песни и соло кариера.
Тој ги надживеа многу од уметниците со кои настапуваше и со кого тој беше пријател, вклучувајќи ги Џими Хендрикс и Вилсон Пикет.
Неговите песни беа снимени од страна на Џенис Џоплин, Вилсон Пикети многу други.
Неговиот пријател Сем Кук го убеди да ја објави песната на Ролинг Стоунс Се е готово сега.