Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина легендата Дејвид Боуви

0
By Нова ТВ on January 11, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Eден од најзначајните и најголемите рок-музичари, во петокот, на 8 јануари, на денот на својот 69 роденден го промовираше и својот последен албум. После три дена почина по тешката битка со рак.

Боуви почина во неделата опкружен со членови на семејството, соопштија неговите претставници. Музичката икона наполни 69 години во петокот, истиот ден кога беше објавен неговиот 25-ти студиски албум „Блекстар“.

„Дејвид Боуви почина мирно денеска (недела) опкружен со семејството по 18-месечна тешка и храбра битка со ракот“, се наведува во кусата порака на неговите социјални профили.

Филмскиот режисер Данкан Џонс, син на Боуви од првиот брак со Анџела Боуви, ја потврди веста на Твитер.

Роден како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон, јужен Лондон на 8 јануари 1947. Во првата од многуте преобразби си го смени името во Дејвид Боуви во 1966 година за да избегне конфузија со Дејви Џонс- водечкиот вокал на групата Д Манкис, а студирал и будизам.
1970-те, декадата во која тој целосно доминираше на британската музичка сцена а ги освои и САД- донесоа серија успешни албуми.

Започна со „Ханки Дори“ (“Hunky Dory”) кој беше многу ценет од критиката, продолжи со „Подемот и падот на Зиги Стардаст и пајаците од Марс“, па следуваа рок-албумот “Aladdin Sane”, апокалиптичниот “Diamond Dogs”, и играта со ткн. пластичен соул преку “Station to Station”.

Потоа повторно го смени жанрот, по преселбата во Берлин и соработката со електронскиот експерименталист Брајан Ено од која произлегоа албумите- “Low”, “Heroes” and “Lodger”.
Во 1980-те ја освои новата генерација со албумот “Let’s Dance”, од кој произлегоа хитовите како “China Girl” и “Modern Love”.

Неговата смрт го означува крајот на еден од најценетите уметници на модерната британска музика, со кариера која започна со хитот “Space Oddity” во 1969 година, за астронаут по име Мејџор Том, кој е напуштен во вселената. Неговата музика опфаќаше најразлични стилови од глам рок, Њу Романтик, Краутрок и денс музика, па се до алтернативен рок, соул и хард рок, комбинирано со неверојатна мешавина од личности почнувајќи од сексуално амбициозниот Зиги Стардаст до ткн. Тин Вајт Дјук.

Токму портретирањето на бисексуалниот вонземјанин Зиги Стардаст во 1972 му донесе светска слава. Во истата година во едно интервју Боуви изјави дека е хомосексуалец. Четири години подоцна за „Плејбој“ рече дека е бисексуалец, но во 1980-те за „Ролинг Стоун“ призна дека тоа признание „било најголемата грешка која воопшто ја направил“ и дека всушност отсекогаш бил тврд хетеросексуалец.

Неговиот хедонистички стил на живот го чинеше неговото здравје. Го призна нездравиот апетит за кокаин со изјавата „Еднаш во Калифорнија си го разнесов носот, но и половина мозок. Морав нешто да сторам“. Откако му беше извршена операција на срцето во 2004 година, Боуви се повлече од јавните настапи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.