Утрово по долго боледување почина ДиЏеј Бабура. Роден како Љупчо Петровски, Бабура беше еден од најекспонираните и најпознати македонски диџеи.
Тој настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјав. Бабура работеше во Уно, Мега, Антена 5 а беше и косопственик во Сити Радио.
ДиЏеј Бабура настапуваше во познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.
Пред повеќе од една година, ДЈ Бабура и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.