Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина на 87 годишна возраст. Според нејзиниот портпарол Тачер починала од мозочен удар.
Таа во 1974 година стана првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство.
Функцијата ја извршуваше од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.