Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Како што објави Цивил, тој ненадејно починал на 10 јануари на 54 годишна возраст.
-Шуки беше наш голем уметник и активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт. ЦИВИЛ ќе отвори книга на жалоста во своето седиште денеска, во 12 часот, информираат од организацијата.
За погребот и комеморативните настани, Цивил дополнително ќе ја информира јавноста.