Aктерот Милорад Мандиќ – Манда, почина во среда попладне на сцена, на премиерата на претставата „Петар Пан“.
Претставата започнала нормално кога Манда во улога на Капетан Кука се појавил на сцената паднал на подот.
По тоа интервенирала итната помош но реанимацијата била неуспешна.
Мандиќ е роден 3-ти мај 1961 година во Белград. Електротехничкиот факултет го напуштил по првата година од студиите, а Факултетот за драмски уметности одлучил да го запише откако влегол во светот на глумата низ Драмско експерименталното студио на аматерскиот театар.
Манда играше во бројни серии и филмови, како во „Убавите села, убаво горат“, „Ивкова слава“, „Кражбата на третиот рајх“, „Подобар живот“ и други.