Италијанскиот Нобеловец, драматургот Дарио Фо почина во 90.година од животот во Милано, јави агенцијата АНСА.
Фо починал во болницата во која бил примен пред неколку дена, потврдија извори на агенцијата.
Фо ја доби Нобеловата награда за книжевност во 1997 година за одбрана на достоинството на угнетуваните и критикувањето на власта, како што е наведено во образложението.
Фо е познат по тоа што во повеќе од 70 театарски дела се исмејувал со политичкиот живот, општествените норми и религијата.
Му беше забранет влез во САД заради политичкиот ангажман, а неколку пати е апсен и делата му биле цензурирани на италијанската телевизија