Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме семејството и пријателите, објави Вучиќ на социјалните мрежи.
Познатата српска новинарка која е и прва сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ, почина денеска во Белград на 56 годишна возраст.
Причината за нејзината ненадејна смрт не е позната, јавуваат српските медиуми.
– Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме семејството и пријателите, се огласи Вучиќ на социјалните мрежи.