Еден од најголемите новинари во Србија и поранешна Југославија, Драган Бабиќ, почина на 77-годишна возраст во Врање.
Драган Бабиќ, работеше како уредник и водител во Радио Телевизија Србија во една од најдобрите образовни емисии „Двоглед“ и една од првите емисии во живо посветени на филмот „Кино-око“.
Неговите емисии ја менуваа динамиката на социјалниот живот и оставаа силен впечаток во јавноста и ќе останат во стандардите на новинарството на поранешните ЈУ простори.