Гитаристот и автор на музика Лу Ред почина денеска. Причината за неговата смрт не е објавена но магазинот “Ролинг Стонес” јавува дека Рид во мај имал трансплантација на јетра. Рид имал 71 година.
Овој американски рок музичар, автор на музика и фотограф е познат како пејач и гитарист.
Од крајот на 60те години Рид бил член на групата “Велвет Андерграунд”. Откако ја напуштил групата Рид во 1972 година тој почнува соло кариера а еден од неговите големи хитови е “I Walk on the wild side”.
Музичарот бил роден во 1942 година во Бруклин.