Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина пејачот на „Фејтлес“ Макси Џез на 65-годишна возраст

0
By Marta Pesevska on December 24, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот музичар и диџеј, чие вистинско име беше Максвел Фрејзер, беше главен член на групата „Фејтлес“ заедно со Роло и Систер Блис.

Систер Блис објави дека пејачот починал мирно во сон, во неговиот дом во јужен Лондон, во петокот вечерта.

„Ви испраќам љубов на сите вас кои го споделивте нашето музичко патување. Чувајте се“, напиша таа на Твитер.

Фејтлес беа познати по сингловите, како We Come 1, кој стигна до топ три на топ листите во 2001 година и денс-хитот Insomnia, кој го достигна третото место во 1996 година.

Во изјавата споделена на неговиот Инстаграм се вели: „Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој и даде соодветно значење и порака на нашата музика.

„Тој исто така беше прекрасно човечко суштество кој имаше време за секого и мудрост која беше и длабока и достапна. Беше чест и, се разбира, вистинско задоволство да се работи со него.

„Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј.“

Фејтлес е формирана во 1995 година. Групата стана пионер на стадионската денс музика. Истата беше номинирана за најдобар танц во Велика Британија на Брит наградите во 1999 и 2002 година.

Бендот се раздели во 2011 година, но се врати да издаде нов студиски албум речиси една деценија подоцна, за време на пандемијата. Сепак,  нив не им се придружи Џез, кој формираше друг бенд, Макси Џез и Е-Тајп Бојс.

На нивната веб-страница, бендот го опиша нивниот звук како „мелодичен фанк и блуз измешан со реге ритам, даб основни линии [и] мелодии од Јамајка“.

Извор: Би-Би-Си

Подготви: М.П.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.