Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина писателот Србо Ивановски

0
By Нова ТВ on March 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 86-тата година од животот вчера во Скопје по подолго боледување почина Србо Ивановски, еден од најзначајните претставници на генерацијата повоени македонски писатели, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

– Во развојните процеси на македонската литература тој остави длабоки траги како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година. Еден мандат беше претседател на ДПМ, информира македонската писателска асоцијација.

Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во Телевизија Скопје. Автор е на обемен и разновиден опус во кој, меѓу другите, се вбројуваат книгите: „Лирика”, „Желби и меѓи”, „Средби и разделби”, „Бели крикови”, „Маѓепсан патник”, „Пена од планината”, „Близу до животот близу до смртта”, „Жена на прозорецот”, „Осамени”, „Мартин Нуната”, „Леонида трча окрвавен”, „Кога тетин Клименте шеташе над градот”, „Додека го чекавме Андреја”, „Балада за исчезнатите”, „Неподобниот”, „Ангелот и лудите свеќиња”.

Добитник е на книжевните награди „Кочо Рацин”, „13 Ноември”, „Стале Попов” и „Книжевно жезло”. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник” во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ”.

Посмртните останки на Србо Ивановски ќе бидат погребани утре во 12 часот на гробиштата Бутел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.