Вилфрид Мартенс, кој ја извршуваше функцијата Премиер на Белгија дури девет пати, а подоцна ја предводеше најголемата десничарска партија во Европскиот парламент, почина на 77-годишна возраст.
Тој починал минатата ноќ во својот дом во Локерен, во присуство на неговата сопруга и децата, известуваат белгиските медиуми.
Мартенс ги предводеше коалициите последователно од 1979 до 1992 година,
Во вторникот ЕНП соопшти дека Мартенс привремено ја напушта лидерската фуниција, поради здравствени причини, односно онколошко заболување.
Мартенс е политичарот со најдолг премиерски стаж во белгиската историја.