Светски познатата архитектка Даме Заха Хадид почина на 65 годишна возраст. Меѓу другото, Хадид е креаторка и на Лондонскиот Олимписки Центар.
Таа е родена во Ирак а годинава стана првата жена која добила златен медал од Кралскиот институт на британски архитекти како признание на нејзината досегашна работа.
Почина денес од срцев удар во болница во Мајами каде што се лекуваше од бронхитис.
Нејзините ценети креации се насекаде низ светот, од Хонк Конг до Германија и Азербејџан.