Британскиот режисер, сценарист и глумец Тимоти Џон Бајфорд почина на 73 годишна возраст, после долгогодишната битка со тешката болест.
Бајфорд беше познат како автор на култните детски серии забава Неделен забавник, Невен, Полетарец, На траг на прицата Додо, Бабино внуче, Метла без рачка.
Тимотеј Бајфорд е роден во јужниот дел на Англија 1941. година. Тој дојде во Југославија во 1972 година, како млад режисер со тим на Би-Би-Си, со цел со ко-продукција со Белградската телевизија да направи детско шоу и – остана таму да живее.
Неговата серија на Неделен забавник на која беше режисер и еден од сценаристите е снимена во продукција на ТВ Сараево.
Бајфорд во последниве години се бореше со сериозна болест и сиромаштија.
” Ако повремено слушнете пискот од Ѕвездара, можно е дека јас сум, затоа што зависам од одреден лек за болка што повеќе не е во аптеките. Знам дека не сум сам, но јас би сакал да слушнам за било кој политичар кој останал без лек одн кој зависи “, напиша Бајфорд пред една година на неговиот Фејсбук профил.