Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина родилка од Тетово, лекарот суспендиран од работа

0
By Менче Атанасова Точи on September 7, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триесет и тригодишна родилка од Тетово починала од нестручно изведено породување во тетовската болница, а бебето се наоѓа во критична состојба, обвинува семејството.

За случајот се води истрага, а гинекологот кој ја вршел интервеницијата е суспендиран од работа додека не заврши истрагата.

Ноќта меѓу 19 и 20 август на одделението за гинекологија во болницата во Тетово се случувала вистинска драма, раскажува за НОВА, член на потесното семејство. Породувањето со царски рез на В.К започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации во 3 часот изутрината била направена уште една операција.


Фотографија од Гинеколошкото одделение во тетовската болница објавена на порталот Инбокс7

Поради лошата здравствена состојба во која западнала, младата жена била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде во 8 часот изутрина била повторно оперирана.

Родилката починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.

„Ни кажаа дека настанало тешко оштетување на мозокот поради обилното крварење и недостаток на крв во мозокот. Се уште го чекаме наодот од обдукцијата, по што ќе ги преземеме сите потребни мерки да биде казнет виновникот“, велат за НОВА од семјството на починатата родилка, но се уште, во оваа фаза, не сакаат да се појават јавно.

Хирургот кој што ја извршил последната операција во Скопје, не сакаше да го коментира случајот, најавувајќи дека ќе има судски епилог.

Бебето утредента по породувањето било префрлено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во критична состојба.

„Бебето е се уште на апарати за дишење, тешко оди одвикнувањето самостојно да започне да дише. Испратена е крв за анализа, за да се испита дали има вроден гентски синдром бидејќи има недоволно развиени бели дробови и ребра, но тоа нема врска со породувањето по кое почина неговата мајка“, велат на Клиниката за детски болести.

Семејството на починатата родилка случајот веднаш го пријавиле во полиција, а обвинителество покренало истрага.

Гинекологот кој ја породил младата жена е привремено суспендиран од работа додека не заврши истрагата. Ова за НОВА го потврди директорот на болницата во Тетово, Фљорим Бесими. Тој изјави дека веднаш по првата операција поради обилното крварење била направена втора, кога била извадена матката. Но и покрај тоа нејзината здравствена состојба се влошила, по што била префрлена на КАРИЛ.

„Обвинителството ја зеде целокупната медицинска документација и веќе води истрага. Напоредно со тоа, ние формиравме дисциплинска комисија која одлучи гинекологот да биде суспендиран од работа додека трае постапката. Комисијата проверува дали има лекарска грешка или пропуст. Очекуваме да дојде и тим од Скопје од Клиниката за гинекологија, формиран од Министерството за здравство“, изјави за НОВА Бесими.

Тој нагласи дека секоја недела се води постапка, за некој лекар во болницата во Тетово. Објасни дека, дали заради свеста на граѓаните или нешто друго, постојано се пријавуваат нови случаи кои се разгледуваат на стручните состаноци.

Бесими вели дека се покренуваат постапки, а има и случаи каде се сомневаат на пропусти во лекувањето. Ова не прв случај на смрт на родилка во Тетово, а и воопшто во државата. Во 2010 година во истата болнива на породување починаа и родилка и нејзиното бебе. Не е познат судскиот епилог за овој случај. Се шпекулира дека станува збор за истиот лекар.

Што ќе покаже истрагата за 33-годишната родилка која не успеа да го виде своето новороденче, останува да се види.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.