Шведскиот диџеј Авичи кој соработуваше со светски ѕвезди, почина во Оман на возраст од само 28 години.
Неговите клупски хитови се Wake me up, Hey Brother и најновиот Lonely Together со Рита Ора.
Неговиот претставник за медиумите ја соопшти смртта на Тим Берглин познат како Авичи.
– Семејството е уништено и ве молам да ја почитуваме нивната приватност во ова тешко време –
Не е соопштена причината за смртта.