Сопругот, ментор и менаџер на славната пејачка Селин Дион, Рене Анжелил почина по долга борба со ракот.
Со болеста се бореше од 1999 година, а битката ја изгуби на возраст од 73 години.
Во март 2014 година при операција отстранет му е малигнен тумор од грлото.
Селин Дион и Рене се венчаа во 1994 година а заедно имаат три сина: Рене Чарлс (14) и петгодишните близнаци Еди и Нелсон. Освен нив канадскиот музичар од претходните врски има и три возрасни деца Ана-Мари, Патрик и Жан-Пјер.