Легендарниот глумец Драган Николиќ почина утрово во 72.година од животот.
Николиќ починал во болница во Белград како последица на долга и тешка болест.
Роден е на 20 август 1943.година во Белград, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности.
Негова прва голема улога се смета онаа на Џими Барк, филм кој од страна на филмските критичари е прогласуван за еден од трите најдобри на овие простори.
Голема популарност му донесе улогата на Прле во филмовите и телевизиските серии „Отпишаните“ (1974) и Враќање на отпишаните (1976 ).
Главни и споредни улоги играл во над 80 филмови и во голем број театарски претстави во „Атеље 212“ и „Звездара“.