На патот Градско-Скопје бил прегазен 51-годишен прилепчанец во близина на наплатната рампа. Возачот кој удрил во него, избегал од местото, а онесвестениот го оставил да лежи на сред пат.
За уште поголема несреќа, преку онесвестениот поминале уште неколку автомобили, а возачите не забележале дека на патот лежи човек. Од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
Не е приведен ниту еден од учесниците во сообраќајот кои со својот автомобил поминале преку телото на велешанецот. Полицијата работи на расчистување на случајот.