Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

1
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 19, 2018 12:36

Почна лидерската средба на која се присутни премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката н партијата Радмила Шекеринска, Лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик претседателот на Владата, Бујар Османи како и претседателот на најголемата опозициска партија  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Тања  Каракамишева. На лидерската средба присутни се и претседателот на БЕСА, Билал Касами и Аријанит Хоџа.

Средбата се одржува по барање на Мицкоски кој вчера ја напушти лидерската средба во проширен состав и побара да се одржи нова во потесен формат (лидерите на четирите најголеми партии со по двајца претставници).

На денешната лидерска средба Мицкоски ќе го повтори барањето на ВМРО-ДПМНЕ формирање на техничка влада и нов закон за финансирање на политичките партии.

По напуштањето на средбата Мицкоски ги обвини владејачките партии за девијантно однесување поради поднесувањето на измените во Изборниот законик.

–Како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и несогласување и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници и владејачкото мнозинство кога на еден начин неделовнички, што досега не беше пракса во политичкиот живот, се утврди потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициска партија, а се со цел да се намали потребниот број пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 80 на 61, рече Мицкоски,

Премиерот Заев по завршувањето на вчерашната лидерска средба рече дека на сите други претставници на партиите што останале на средбата се за успешен референдум.

– На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговараме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.