Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна Семинарот за македонски јазик во Охрид

0
By on June 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слависти, македонисти, научници, историчари, етнолози, студенти од универзитети од дваесетина земји од светот ќе ги изучуваат нашиот јазик, култура, историја, литература на традиционалниот меѓународен Семинар за македонски јазик, кој од денеска до 28 јуни се одржува во Охрид.

Од 89 слависти и македонисти од 23 земји, најмногубројни и годинава се учесници од словенските земји, како Русија, Полска, Словенија, Украина, како и од Србија, Хрватска, САД и од западноевропските земји во кои постои интерес за нашиот јазик и култура. Меѓу учесниците има по неколку слависти од Јужна Кореја, Кина, а првпат годинава ќе има и учесник од Финска. Семинарот е во организација на Семинарот за македонски јазик, кој работи во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Според организаторите, главни цели на Семинарот се да се зголеми интересот за македонскиот јазик и промоција на македонската култура во светот.

Македонскиот јазик се изучува на 11 лекторати низ светот и во 28 центри во форма на катедра или институт. Лекторатот во Киев минатата година доби дозвола за финансирање од Министерството за образование и наука. УКИМ го финансира лекторот во Грац, Австрија.

Директорот на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Максим Каранфиловски, рече дека нам не ни недостигаат македонисти што ќе може да работат во нови центри, туку треба да се изгради партнерство меѓу универзитетите.

Централно место на Семинарот за македонски јазик ќе имаат курсевите за македонски јазик и лекторските вежби. Ќе бидат застапени повеќе теми поврзани со нашата историја, култура и нација. Ќе има и курс за преглед на македонската литература и на историја на македонскиот јазик.

Вообичаено, гостите од странство ќе имаат можност да ги учат и македонските ора и македонските народни песни. И годинава преведувачката работилница продолжува со работа, а на неа ќе се работи превод од руски, англиски и полски на македонски јазик.

Буџетот за Семинарот по македонски јазик изнесува 3 милиони денари од УКИМ и еден милион од Министерство за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.