Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува 40. ЕП во кошарка, турнирот го отвораат Словенија и Полска

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со мечевите во групите А и Б во Хелсинки, односно, Тел Авив, стартува 40. издание на Европското првенство во кошарка во машка конкуренција што и овојпат ќе се игра во четири држави. Покрај Финска и Израел, домаќини на група се и Турција и Романија. Шампионатот ќе трае до 17 септември со завршните дуели во Истанбул.

Шпанија е во улога на бранител на титулата и со шесте НБА кошаркари важи за најголем фаворит за првото место ако се имаат во предвид многуте откажувања, дел поради пензионирање, а дел поради повреди, во селекциите како Србија (без Теодосиќ, Калиниќ, Недовиќ, Симоновиќ, Радуљица) и Франција (без Паркер, Козер, Батум и Гобер). И Србите и Французите, сепак, имаат материјал за висок пласман и се надеваат на место на Фајналфорот во „Синан Ердем Дом“.

Грција има солиден состав иако е без Јанис Адетокумбо, но играше по принципот „топло-ладно“ во контролните настапи. Кошаркарскиот тим на јужниот сосед допатува на турнирот и со нарушени меѓучовечки односи по тепачката меѓу играчите во подготвителниот период, па останува да се види дали и какви последици ќе остави сето тоа во играта на селекцијата што има две злата од ЕП.

Прашањето што го поставуваат Германците е како без Дирк Новицки во иднина. Одговорот ќе добијат на шесте меча во групата Б во Тел Авив меѓутоа, покрај легендата на Далас Маверикс, во тимот ги нема и Плајс, Ципсер, Цирбес, па голем дел од товарот ќе падне врз НБА ѕвездата, Денис Шредер.

Енигма е што и колку може Италија без Барњани и Џентиле, го нема ниту Галинари. Надежи, во нивно отсуство, се полагаат во Белинели, Мели и извонредниот Луиџи Датоме, клупскиот колега на Перо Антиќ од Фенербахче.

Како фаворит за највисок пласман важат Израелците кои ќе настапат во најсилнот состав што го имаат на располагање. Лидерската улога ја има Омри Каспи од Лос Анџелес Клиперс чија поддршка треба да бидат Гал Мекел, Јотам Халперин и и капитенот Гај Пнини. И, секако, Турција која ќе ужива неверојатна поддршка од своите фанови во групната фаза и во нокаут пресметките што ќе следуваат.

ЕП во кошарка – Турција, Израел, Романија, Финска

Денеска играат

Група А (Хелсинки), 1 коло

Словенија – Полска (12,45 ч.)

Исланд – Грција (15,30 ч.)

Франција – Финска (19 ч.)

Група Б (Тел Авив), 1 коло

Германија – Украина (14,45 ч.)

Литванија – Грузија (17,30 ч.)

Италија – Израел (20,30 ч.)

ЕП кошарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.