Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува 47. издание на „МОТ“ посветено на основачот Биш, востановена награда во негова чест

0
By Ана Василевска on November 10, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со дуодрамата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ на Народниот театар Битола, вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар, почнува 47. издание „Млад отворен театар“. МОТ, годинава како своја програмска определеност ја има македонската продукција.

„Во чест на еден од основачите на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година,  годинава востановуваме и награда „БИШ“ , која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. Младинскиот културен центар како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири.“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

Претставата „Кислород“ е една од осумте претстави кои ќе се натпреваруваат за наградата „БИШ“.  По освојувањето на гран при наградата на фестивалот за дуодрама „Бранко Ѓорчев“, и својата изведба на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград, Бугарија, „Кислород“ ќе го погледне и публиката на МОТ.

„Кислород“, преку човековата потреба и желба слободно да дише, навлегува  длабоко во потребата на човекот да живее, да живее живот полн со љубов, среќа, емпатија, солидарност, наспроти одразот во огледало кој денешниот човек се почесто го гледа“,  вели режисерот Иван Јерчиќ.

Ова претстава заедно со уште 22 драмски перформанси ќе ги заземат сцените низ Скопје во рамки на десет дена, од 10 до 19 ноември.

„На 18-ти ноември имаме вечер токму посветена на Биш, која ќе даде комплетен осврт на Љубиша Никодиновски – Биш и неговиот придонес кон театарската уметност во земјава“, информираат од МКЦ.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите, за што навремено ќе ја информира публиката.

МКЦ МОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.