Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува „МакеДокс“

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деветтиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер во Куршумли ан ќе почне со  краткиот копродукциски филм „Вај-фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенбор, и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул – „Кеди“ на Сејда Торун. По проекциите ќе следува концерт на  групата „Џими Барка Експириенс“.

Според организаторите, фестивалот ќе биде пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија. До 23 август под мотото „Реалноста режира, ние правиме филмови“ ќе бидат прикажани 70 филмови и ќе има исто толку гости.

Ќе бидат доделени и фестивалските награди; „Кромид“ – за најдобар филм во Главната програма; „Млад кромид“ за филм од програмата Нови автори; „Сечкан кромид“ за најдобар во програмата Кратки документарци и „Кокарче“ – во Студентската програма. Сите влегуваат во конкуренција за Наградата за филм со најдобри етички идеи.

– Годинава ќе имаме филмови од многу земји и ќе имаме гости од Индија до Исланд. Додадовме еден ден плус и фестивалот ќе трае осум дена, рече Петра Селишкар, селекторка на Главната програма на „МакеДокс“ на прес-конференцијата на која беше соопштена фестивалската програма.

Програмата „Земја во фокус“ годинава е посветена на Полска што, според организаторите, се должи на тоа што во последната деценија  полскиот документарен филм значително се издвојува во однос на останатите светски кинематографии. Во 2017 година во Полска се продуцирани 40-ина документарци, некои од нив и добитници на престижни награди и прикажани на познати фестивали.

Утре ќе бидат прикажани 12 документарци од современата полска филмска продукција под заеднички наслов „Полска во срцето“, а во пресрет на годинашниот „МакеДокс“ во саботата во МСУ се одржа „Полски пикник“ и беа прикажани десет наградени фимови од Филмскиот фестивал во Краков.

Соодветно на мотото на фестивалот, двајца познати режисери на докумернтарни филмови – Војцех Старон од Полска и Пирјо Ханкасало од Финска, за време на 9. „МакеДокс“ ќе одржат две тридневни работилници за улогата на режисерот во документарниот филм. Работилниците ќе се одржат од 10 до 13.30 часот во Музејот на современа уметност  – од 17-ти до 19-ти август со режисерката и сценаристка Пирјо, а од 20-ти до 22-ри август – со снимателот и режисер Војцех.

На последниот фестивалски ден, 23 август, во МСУ ќе се одржи и панел-дискусија „Улогата на филмот во деинституционализацијата“.

За време на фестивалот (Куршумли ан од 18-ти до 21 август) првпат во Македонија ќе се одржува работилница за фотографија со мокар колодиумски процес и сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават и да ги научат вештините на тој стар начин на изработка на фотографија на стаклена плоча. На вечерашното отворање на „МакеДокс“ ќе биде поставена ретка изложба на фотографии изработени со колодиумски процес или т.н. мокра плоча – фото-технологија од 19 век.

Покрај во Куршумли ан, „МакеДокс“ ќе се одржува и на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност.

МакеДокс 2018
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.