Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува МОТ: Отворање со филмската пародија „Блокбастер“

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Редистрибуција на богатството во општество поделено на многу богати и многу сиромашни е тема која ја отвора претставата „Блокбастер“ на белгискиот „Колектив Мензуел“ која задутре во МНТ ќе го отвори 43. Млад отворен театар.

– Го поставуваме прашањето дали таа ситуација може да продолжи така или треба да се направи конфликт. Претставата третира проблеми за екстремната сиромаштија во светот, но и еколошки проблеми на планетата. Сакавме да создадеме сценарио во кое народот е разлутен, се разбудил и прави нешто во врска со тоа. Нашиот театар е ангажиран и политички афирмиран, зашто сметаме дека токму театарот е место за дискусија и дебата, рече денеска на прес-конференција Рено Рига, еден од петтемина учесници во проектот кој нема режисер.

Тие се колектив во кој сите заедно (музичари, актери и уметници што се занимаваат со видео и кино) колегијално донесуваат одлуки. Рига  истакна дека се обидуваат да бидат што популарни и пристапни до целата јавност, и до тие што немаат познавања за театарот и уметноста, и затоа користат хумор како инструмент за протест.

Нивната 80-минутна претстава е филмска пародија, создадена со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. Баптист Исаја, член на колективот, истакна дека со конструкција на деловите создаваат филм.  За време на претставата, рече тој,  филмот се прикажува во заднина, а на сцена ги произведуваат сите звуци и шумови, дијалози и целата музика.

– Почетна точка на „Блокбастер“ е еден филм направен од водечките класи наменет за народните слоеви во општеството. Одлучивме да направиме еден аикидо чекор – го земаме оружјето од нашиот противник и го користиме против него, додаде Исаја, нагласувајќи дека се носат со политичката димензија на театарот и дека самото постоење на театарот е политички чин. Проектот е продуциран пред точно три години и имал повеќе од  200 гостувања.

Технички невозможно било да ги добијат авторските права за сите филмови од кои извадиле елементи за претставата, особено затоа што за американските филмови нема застапници во Европа. – Но постои право на пародија, што значи може да се користи одреден дел или филм доколку целта е пародија и да направите публиката да се смее, а притоа не му штетите на самото дело или на авторот. Тоа ни овозможи да функционираме беа авторски права, рече Исаја.

МОТ ќе трае до 28 септември и на програмата се 18 претстави со повеќе од 200 артисти кои ќе настапат на сцените во Скопје. Меѓу нив се и три македонски премиери.

– Жанровски, естетски и програмски МОТ е можеби најразличен досега како целина. Девет фестивалски вечери со претстави од многу европски земји, во придружните програми и од Египет и Русија, рече Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар кој го организира фестивалот.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на прес-конференцијата рече дека МОТ секогаш одел против стереотипите и ги кршел бариерите и границите на свој начин, со што, рече, е фестивал-предвесник на револуции во општеството.

– И денес МОТ треба да го има тоа значење – да биде различен од конвенционалното. Очекувам многу инспиративни моменти на годинашниот Млад отворен театар, рече скопскиот градоначалник.

Во деветте фестивалски дена МОТ ќе се одржува на осум сцени во главниот град  – Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар.

Програмата е веќе обајавена на mot.mk. До денес билетите се продаваат по цена од 200 денари, а од утре ќе бидат по 300 денари.

МОТ 2018
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.