Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува судењето за „Адитив“ во дигиталната судница, според Пандов треба да се користи почесто

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Оваа судница е направена во 2020 година. Првото судење е направено дури после две години, во 2022 година, и од тогаш за жал до ден денес, оваа судница е празна. Оваа судница е под Управата за извршување на санкции, меѓутоа пред се и над се, на Република Македонија. Не знам колку сте имале можност да ја видите судницата, ова е европска судница и заслужува многу почесто да биде користена, рече Пандов.

Тој напомена дека судницата е во одлична состојба и се она што недостасувало од технички аспект, сега е поправено. Пандов најави дека до крајот на годината или до почеток на следната ќе почне изградба и на втората фаза од затворот Идризово, што се наоѓа во близина на оваа судница.

И пристапниот пат е проширен, така што мислам дека во идно време посакувам и верувам во тоа дека оваа судница ќе биде многу почесто користена.Она зеленило што го гледате на 50 метри од самата судница е предвидено за изградба на втората фаза од затворот Идризово, за кој што јас искрено се надевам дека ќе започне до крајот на годината, ако не почетокот на следната година. Таму ќе се наоѓа притворот, ќе има 420 кревети за 420 осомничени лица. Ќе биде идеална за сите останати судења, не само поголемите судења, туку и помали судења, за да не треба да се прават спроводи од Шутка или од Куманово или од некој друг град до Кривичен, туку веднаш до самата судница ќе биде главниот притвор на државата, додаде Пандов.

Напомена дека за ова веќе се обезбедени сите потребни дозволи и одмрзнати се парите од Банката за обнова и развој.

Парите беа замрзнати, затоа што ние сме под постојан мониторинг на Комитетот за борба против тортура, кој што е составен дел од Совет на Европа. Тие имаа огромен број на забелешки на работењето на македонските затвори, на Управата за извршување на санкции и нашите пари од кредитот беа под мораториум. Ние ги имавме на сметка, но не можеа да се користат. Сега истите се одмрзнати, рече Пандов.

На новинарско прашање дали е можно во оваа судница да се одржи и судењето за случајот со пожарот во Кочани, Пандов напомена оти искрено верува и затоа испрати апел до судиите кој ќе го водат тој случај.

-Јас во тоа име и се обраќам сега, како повик до секој судија. Не знам кој ќе биде судија на тој случај, но искрено верувам дека ќе се одвива тука, додаде Пандов.

Адитив Дигитална судница Кочани Пандов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.