Во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, вечерва ќе биде отворена јубилејната 50. поетска манифестација „Рацинови средби“, која ќе трае до 13 јуни.
На отворањето беседа ќе одржи Раде Силјан, претседателот на ДПМ, а потоа ќе настапат поети од Црна гора, Бугарија, Романија и од Македонија.
Првата вечер од Рациновите средби ќе заврши во куќата на Кочо Рацин, каде ќе биде промовирано це де со неговата љубовна поезија, а улицата каде се наоѓа неговата родна куќа, ќе биде прогласена за „Сокак на поезија“.