СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во негова продавница во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 13.203 различни видови петарди.