Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка за именување улици со имињата на Блаже Конески и Славко Јаневски

0
By Нова ТВ on March 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Град Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“.

-Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го изразува своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, меѓународно ценет лингвист, визионер, мислител, поет и препејувач од светски ранг. Конески ги препозна нијансите на словенската, но и на македонската (со сите свои специфики) народна култура, традиција, наука и реторика. Блаже Конески е најголемиот корифеј на македонската култура со светско реноме и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет. Во Годината на Конески срдечно ја поздравуваме одлуката на Град Скопје, заедно со името на Крсте Мисирков, името на Блаже Конески да го носи улица од централното градско подрачје. Ова е порака до граѓаните на Скопје со која Блаже Конески останува наша инспирација и гордост, се вели во писмото од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

И Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ преку писмо го изрази своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Славко Јаневски, еден од најголемите корифеи на македонската култура и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет.

-Името на Славко Јаневски последните десетина години беше во континуитет изложувано на политичка дефамација, со тенденција авторот на првиот македонски роман, наместо да влезе како бележит симбол на македонската колективна меморија, тој да помине во колективен заборав. Во таа смисла, ја поздравуваме и поддржуваме оваа одлука на актуелната владејачка гарнитура на Град Скопје, сметајќи ја за мал, но вистински чекор за зачувување на ликот и делото на овој великан. Затоа го охрабруваме Град Скопје, но и другите одговорни фактори да продолжат во оваа насока за негување на сопствените цивилизациски дострели. Истовремено, Фондацијата изразува подготвеност, во зависност од потребите и во зависност од сопствените капацитети, да помогне во реализацијата на овие процеси, велат од Фондацијата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.