Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесени околу 400 амандмани за одлуката за продолжување на кризната состојба во дел од државата

0
By Нова ТВ on March 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја одложи расправата по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот Ковид-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија поради поднесени околу 400 амандмани, изјави за МИА претседателот на комисијата Миле Талевски.

Членовите на Комисијата заклучиле дека Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија е прифатлив и може да се даде на понатамошно читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата го образложила министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија“ број 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 275/19 и 14/20), за професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, како една од законските понуди се пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен паричен надоместок, во износ од 1000 евра во денарска противвредност за секоја година помината на служба во Армијата, со услов, доколку повторно засноваат работен однос во Министерството за одбрана, во органите на државната и локалната власт, должни се полниот износ на исплатената испратнина да го вратат на Министерството за одбрана, како и дека истите нема да се оценуваат во годината во која навршуваат 45 години возраст, стои во Предлог-законот.

Во поглед на вонредното унапредување на офицер во непосредно повисок чин, покрај годините кои треба да ги помине во чинот кој го има, се наведува, се пропишуваат и условите под кои офицер поставен на должност во Генералштабот на Армијата и офицер поставен на должност во Министерството за одбрана, ќе може да биде вонредно унапреден во непосредно повисок чин, една година порано од времето утврдено за унапредување во Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Со оваа законска измена, меѓу другото се пропишува и начинот на определување на висината на пензијата на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, на кој му престанува работниот однос со остварување право на пензија по исклучокот предвиден во членот 218-а) став (5) од Законот, со што се предвидува дека, висината на пензијата ќе им се утврдува во зависност од должината на исполнетиот пензиски стаж, а пензиската основица во висина од 80 проценти од просечната нето- плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, ќе се намалува за 0,5 проценти за секоја година пензиски стаж пократок од 40 години.

Средствата за исплата на пензијата до навршување на годините на живот за остварување на правото на старосна пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за одбрана, а правото на пензијата се остварува во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

На дневниот ред на седницата беа и Предлог – законот за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и Предлог – закониот за изменување и дополнување на Законот за странци, во второ читање. На усвоената агенда меѓу другите точки на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.