Марјан Забрчанец: “Заслепени” од молскавичната преписка во врска со наводното “мешетарење” во и околу СДСМ, јавноста остана покусо за голем дел од поентите на Фрчкоски изнесени синоќа во емисијата “Во центар”. Со исклучок на неколку портали, ретко кој обрна внимание на поентите подолу изнесени од Фрчкоски:
– Ова ВМРО претрпе лузна на изборите, не знаат што да прават после победата.
– Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон и со рушење на обвинителството.
– Обвинителството во Македонија е некаква демократска брана која мора да опстои и да не падне пред мечот на авторитарната власт.
– ВМРО не разбира дека ја води Македонија, а не Вмровија – во таа смисла се апсолутно под нивото на историските задачи.
– Треба да се помогне на НВО секторот, тие ги одржуваат меурите на слободарството.
– Еди Рама за ДПМНЕ е академик во политиката.
– Падот на гласовите кај СДСМ е поради помалата излезност, “роварењето” во и околу нив е поголем проблем.
– Разбирам фракционерство, но не и “роварење” против сопствената партија.
– ВМРО отсекогаш носела конфликт, во еден момент дури и формален предлог за поделба на Македонија.
– СДСМ е друга партија независно од сите проблеми, таа ги создавала и носела сите одлуки кои се конститутивни за државава на свој грб.
– Левица не е Сириза, Левица е националистчка партија.
– ЗНАМ со покровителство од Бранко има голем пад на гласови, пропаѓа во блато – тоа пропаѓање може да донесе само издигнување на СДСМ, сме го гледале тоа во минатото.
Извор: Фејсбук
