Јулијана Маринковиќ е добитник на уште една значајна, според форматот и историска награда.
За нејзиното поетско творештво, Здружението на писатели на Србија на пригодна свеченост во Прилипац, Србија, во традиционална соорганизација со тамошниот црковен одбор, и` ја врачи престижната ,,Печат кнеза Лазара”
Во образложението за наградата, жирито ја потенцира посебната изразна духовност што во своите стихови ја негува македонската поетеса Маринковиќ.