Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан објавена во „Хаваи ривју“

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во новиот број на универзитетското списание за литература „Хаваи ривју“ се објавени избрани песни од Јовица Тасевски–Етернијан, во оригинал на македонски и препеани на англиски јазик, заедно со био-библиографска белешка. Поезијата на македонскиот автор ја препеа познатата американска поетеса Џудит Скилман, која во белешката истакнува дека „песните на Јовица Тасевски–Етернијан се карактеризираат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења; тие извираат од моќна поетска имагинација“.

Списанието „Хаваи ривју“ излегува континуирано повеќе од четири децении и го издава Универзитетот на Хаваи во Маноа со седиште во Хонолулу. Во ова реномирано списание што е вклучено и во програмата по креативно пишување досега биле претставени со избрани песни голем број еминентни автори меѓу кои се и Висенте Алеиксандре и Томас Транстромер уште пред да ја добијат Нобеловата награда за литература, како и добитниците на „Златен венец“ В.С. Мервин и Маргарет Атвуд, а Јовица Тасевски–Етернијан првиот македонски автор чија поезија е објавена во „Хаваи ривју“. Главна уредничка е поетесата, есеистка и книжевна критичарка м-р Линли Шејмат Лиз која има дипломирано компаративна книжевност на Универзитетот во Беркли, магистрирала на Универзитетот во Ерусалим (блискоисточни студии) и на Квинс колеџот во Њујорк (креативно пишување и книжевен превод), а од 2016 година живее во Хонолулу каде предава креативно пишување на Универзитетот на Хаваи.

Поезијата на Јовица Тасевски–Етернијан е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави, меѓу кои и во списанијата за литература што ги издаваат Универзитетот на Арказас и Универзитетот „Роџер Вилијамс“ во САД и Универзитетот Диакин во Австралија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.